Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ја коментираше одлуката на УЕФА за казнувањето на Манчестер Сити, поради нарушувањето на финансискиот фер плеј.

УЕФА конечно примени решителни мерки. Правилата за финансискиот фер-плеј и казнувањето на клубовите што не го почитуваат се најважни мерки за поддршка на иднината на фудбалот. Конечно добивме добар пример“.

Манчестер Сити, покрај двегодишната забрана за настап во европските купови, е казнет и со парична казна од 30 милиони евра.