Претседателот на Олимпик Лион, Мишел Аулас, не ја исклучува можноста реванш мечот против Јувентус од Лигата на шампиони да се одигра на неутрален терен.

Епидемијата од коронавирусот во Италија предизвика хаос во Серија А, но тоа многу веројатно може да влијае и на распоредот на одигрувањето на натпреварите и во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ на 16.март треба да го дочека Лион и да се обиде да ја анулира предноста на французите од 1-0 по првиот натревар.

„УЕФА ќе одлучи каде играме. Постојат неколку точки, кои треба да се оценат затоа што тимот на Јувентус до 23.години ставен во карантин, а голем дел од нив тренираат со првиот тим, така што не е исклучена можноста да играме на неутрален тере“-изјави тој за L’Equipe.