Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини денеска беше домаќин на првата формална средба со новиот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски.

„Претседателот на MOK Macedonia, Даниел Димевски во прва формална посета на „Куќа на фудбалот“, откако стана прв човек на Македонскиот Олимписки Комитет. Конструктивен разговор со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и продлабочување на веќе воспоставените добри односи меѓу двете спортски инстутуции.“– Ова го потврдија од „Куќата на фудбалот“