Наполи е првиот клуб во Серија А кој привремено го отпушти персоналот, кој работи во и околу клубот, поради кризата со Коронавирусот. „Спорт Медиасет“ известува дека  30 вработени во Наполи,  нема да добијат плати наредните два месеци.

За разлика од земјите како Данска и Велика Британија, италијанската влада допрва треба да објави план за решавање на приходите на работниците кои се без работа во овие моменти.

Наполи вчера како и преостанатите клубови во Серија А им ги намали платите на фудбалерите и тоа 1/3 од месечната нивна заработка.