Италијанскиот фудбалски третолигаш Новара потврди дека претседателот Маурусио Руло е позитивен на коронавирус. Тој наредниот период ќе биде во карантин и ќе се следи неговата здраствена состојба.

Како што се наведува во клупското соопштение, Руло не се чувствувал добро по враќањето од службено патување во Германија и веднаш се обратил во болница.

На Руло му беше земен брис, а по лабараториските тестирање беше утвредено дека претседателот на Новара е позитивен на коронавирусот кој ја заобиколи речиси цела Италија.