Како што тврди Сан од Англија, раководството на Премиерлигата се уште нема донесено одлука за превземање на Њукасл од страна на Принцот Мохамед Бин Салман од Саудиска Арабија поради вмешаност во нелегални активности.

Принцот Мохамед Бин Салман е во тесни врски со ТВ мрежата „ BeoutQ“ која нелегално емитува директни преноси од Премиерлигата во Саудиска Арабија и регионот за што веќе има тужби од УЕФА, ФИФА и глобалниот ТВ партнер БЕИН спорт.

„ BeoutQ“ го нарушува угледот на Премиерлигата, влијае на ТВ пазарот со нелегално емитување на преноси, Принцот Мохамед Бин Салман е главен виновник, ТВ пиратството во Саудиска Арабија е директно поддржано од Владата на оваа земја која  дозволува нелегално реемитување на Премиерлигата од јули 2017.

БЕИН  спорт бара од Премиерлигата да не се дозволи превземање на Њукасл, Принцот Мохамед Бин Салман ги откупи речиси сите акции на овој клуб за 300 милиони фунти, но досега нема дозвола за превземање.

Глобалната мрежа БЕИН спорт со Премиерлигата има договор за  ТВ права во висина од 500 милиони фунти во следните три години.

Сан тврди дека ова е основната причина зошто се уште нема одлука за превземањето на Њукасл од страна на Принцот Мохамед Бин Салман кој се соочува со негативен одговор.