Милан со поразот кај Лацио на гости од 3:0, ги намали своите шанси следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

На голот на Милан беше Џанлуиџи Донарума, за кого се почесто се пишува дека сака да го напушти клубот на крајот од сезоната и тоа како слободен играч. Клубот му нуди продолжение на договорот кој завршува на крајот на јуни, но не му дава плата каква што му нудат некои други, а меѓу нив и Јувентус. Клубот од Торино наводно е подготвен за него да издвои 10 милиони евра годишна плата.

Самиот тој податок ги лути навивачите на Милан, а тие додатна причина за огорчување добија по поразот од Лацио. Трите примени гола не се она на што му замеруваат на Донарума, туку го прозиваат поради дружењето и насмевките со Пепе Реина, некогашниот соиграч, сега голман на тимот од кој Милан изгуби.