Саудискиот принц, Мохамед Бин Салам добил дозвола за да го преземе премиерлигашот Њукасл и наскоро ќе биде потврден како нов сопственик на познатиот островски клуб.

Проблемите кои се појавија по протестот на неколку организации кои се борат за човековите права се минато. Венерницата на убиениот новар Џамал Хашоги побара од навивачите на Њукасл да ја спречат купопродажбата но откако тоа не се случи, целата приказна го загуби интензитетот, па Бин Салам може да го оствари својот план.

Принцот е осомничен дека бил вмешан во убиството на Хашоги пред две години, но судскиот процес сеуште трае. Последната информација која ја публикуваше националната телевизија на Саудиска Арабија ја разбрани јавноста во Англија.

Бин Салам ќе може да го купи Њукасл од Мајк Ешли за 300 милиони фунти и со тоа во Премиер лигата ќе настапи „владеењето“ на најбогатиот човек на светот кој ќе поседува спортски колектив.

Првичните проценки се дека Бин Салам ова лето ќе инвестира околу 200 милиони фунти во инфрастуктурата а околу 150 милиони фунти за нови фудбалери. Ова сума ќе зе зголемува во следните три преодни рока со внимавање за да не бидат прекршени правилата на финанискиот фер плеј на УЕФА.