Тренерот на Рома Жозе Мурињо влегол во проблеми кои може многу лошо да влијаат на атмосферата во тимот, која секако не е некое највисоко ниво и покрај победата против Џенова.

По одличниот старт на сезоната и еуфоријата која се појави кај навивачите, сега истата како да спласнува, бидејќи резултатите не се тие од старот.

А проблемот плус што може да го има Мурињо е еден од најдобрите играчи на тимот Николо Заниоло, со кого Португалецот влегол во жестока расправија на еден од тренинзите.

Мурињо му се развикал на играчот дека не се залага доволо, на што и фудбалерот не останал покус и решил да му врати на својот тренер жестоко.