Додека навивачите на Арсенал ја очекуваат потврдата за трансферот на Пепе од Лил, Унаи Емери се соочува со нов проблем.

На котролниот натпревар со Лион, Александре Лаказет се повреди по 12 минути игра и беше заменет од младиот Рис Нилсон. Французинот го измести зглобот но најверојатно не станува збор за посериозна повреда.

Првите прогнози се дека Лаказет можно е да го пропушти првото коло од новата сезона во Премиер лигата во кое Арсенал ќе му гостува на Њукасл.