Најдобриот играч на Баерн Минхен, Роберт Левандовски поради последните промени во клубот и заминувањето на Флик, побарал од неговиот агент да ги разгледа опциите за промена на клубот во летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Полска има договор со Баерн Минхен до јуни 2022 година, па откако одбил нова соработка можно е „Баварците“ да го продадат во јуни за околу 60 милиони евра.

Прв фаворит за Левандовски е Реал Мадрид кој најверојатно нема да може да му ги исполни сите желби на Зидан, со ангажман на Халанд и Мбапе.

Во меѓувреме Рајола најави дека Халанд исто така не е задоволен со тоа како се одвиваат работите во Борусија Дортмунд и можно е ова лето да си замине.