Сандро Тонали е голема надеж на италијанскиот фудбал, играчот на Бреша има само 20 години е го бара половина Европа.

Интер и Јувентус „играат дерби“ во Италија за Тонали на трансфер берзата, но сега добија конкуренција во ПСЖ и Барселона.

Претседателот на Бреша, Масимо Челино, изјави дека ПСЖ и Барселона веќе го контактирале.

„Барселона ни пинуди два играчи и 65 милиони евра, но ова беше понуда пред кризата од коронавирусот, Тонали според нашите разговори не сака да ја напушти Италија и ќе избере една од двете понуди на Интер и Јувентус“ – изјави Челино.