Џорџо Киелини по одличното европско првенство е без договор, откако истиот му истече со Јувентус.

Тој размислуваше да замине во пензија по ЕУРО 2020, но по освојувањето на европската титула и одличните партии се премисли и наскоро ќе започне преговори со Јувентус за продолжување на соработката.

Сепак, како што пишува Газета Дело Спорт преговорите нема да одат лесно, бидејќи легендарниот стопер кој следниот месец ќе наполни 37 години, ќе барал двегодишен договор и зголемување на платата од 3.5 на 5 милиони евра годишно.

Газета Дело Спорт пишува и дека овој услови Јувентус најверојатно ќе го одбие, затоа што се обидува да ги намали трошоците за плати своите фудбалери.