Џорџо Кјелини се повреди на последниот тренинг  и ќе паузира најмалку пет меси, потврди клубот од Торино.

Иако се чинеше дека повредата не е од сериозна природа, сепак Кјелини скинал лигаменти на десното колено и го очекува голема пауза.

Кјелини има 35 години, тој е столб во одбраната на „старата дама“ и неговото отсуство ќе има сериозно влијание во играта од одбраната кај Јувентус.

Повредата на Кјелини отвара можност за Холанѓанецот Де Лихт кој со сигурност ќе биде стартер против Наполи утре во дербито од второто коло.