Напаѓачот, Карим Бензема е позитивен на Ковид-19, пренесуваат шпанските медиуми.

Ѕвездата на Реал Мадрид и француската фудбалска репрезентација се наоѓа во добра состојба и во моментов е во изолација.

Ова го потврдија и од Реал Мадрид.

„Реал Мадрид потврдува дека нашиот играч Карим Бензема е тестиран позитивен на Ковид-19.“ – соопштија „Кралевите“.