Еден од најдобрите фудбалери на Милан, играчот од средниот ред Исмаел Бенасер е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Тој сигурно ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Ница поради позитивниот тест, но она што е добро за Милан е што немал контакт со другите членови на екипата, па надежите се дека нема да има други позитивни.

Покрај денешниот меч со Ница, пред стартот на Калчото Милан ќе игра и против Валенсија, Реал Мадрид и Панатинаикос.