Фудбалерите на ПСЖ се израдуваа на тројната круна во Франција откако го освоија Лига купот. Во финалето, Лион успеа да одолее и по 120 минути да ги задржи почетните 0:0. Победникот беше одлучен по пенал рулетот.

Сепак во составот на „светците“ тројца играчи предвреме ја напуштија средбата,  Икарди, Курзава и Тијаго Силва, тие му се придружија на Килијан Мбапе, кој се повреди на  дуелот со Сент Етјен, сега Тухел ги чека деталите од лекарскиот тим.

ПСЖ го очекува дуелот со Аталанта, закажан за 12 август во Лисабон.