Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе поради повреда на зглобот не беше во можност да го доигра натпреварот против Клуб Бриж во Лигата на шампионите.

Покетино посочи дека станува збор за повреда која бара дополнителни прегледи а точна прогноза за неговиот кам-бек во тимот допрва ќе се разработува.

Мбапе можно е да паузира неколку недели, но се зависи од тоа дали има истегнување, исместување или можеби оштетување на лигаментите на зглобот.