Тотенхем потврди дека по тестирањата на Ковид-19 добиле еден позитивен тест, не открија за кого станува збор, но тој ќе биде изолиран во карантин седум дена.

Премиерлигата ќе се рестартира на 17 јуни, овој „инцидент“ нема да влијае на одлуката за продолжение на сезоната.

Досега имаше пет рунди на тестирања, беа извршени 5079 тестови во Премиерлигата, од нив 13 се покажаа како позитивни.