Шестмина заразени со коронавирус е билансот од последниот тест на играчи, тренери и вработени во клубови од Премиер лигата.

Тестирани биле 748 лица од кои шестмина имале позитивен тест. Ова го потврдија од Премиер лигата откако дел од клубовите започнаа со тренинзи под посебни мерки.

Шестмината заразени доаѓаат од три клубови од Премиер лигата. Испратени се во самоизолација и седум дена ќе мора да чекаат ново тестирање.

Со ова е загрозен најавениот рестарт на елитниот фудбал во Англија. Во понеделник ќе има нов состанок на кој ќе се разговара за евентуалното враќање на тренинг во полн капацитет.