Според медиумите, Џанлуиџи Донарума е незадоволен од ПСЖ, а главната причина зошто младиот голман не брани е Лионели Меси, кој сака Кејлор Навас да биде пред портите на парискиот клуб.

Донарума летово бесплатно пристигна во Париз од Милано. Неговиот договор со италијанскиот клуб истече во јуни 2021 година. Италијанскиот голман постигна договор со Парижаните за време на Европското првенство, и тој официјално потпиша за ПСЖ откако Италија го освои ова натпреварување.

Донарума беше прогласен за играч на турнирот откако ги одбрани клучните пенали против Шпанија и Англија, но 22-годишниот голман очекуваше повеќе минути во парискиот клуб.

Поранешната sвезда на Милан одигра само два од девет натпревари за ПСЖ, а тренерот Маурисио Покетино изјави дека неговата одлука се менува секоја недела, во зависност од противникот.

Групата јужноамерикански играчи во која се Меси, Навас, Маркињос, Анхел Ди Марија и Нејмар е многу блиска и обединета и го поддржува Навас како прва опција на голот на ПСЖ. Ил Кориере дела Сера наведува дека ова е една од главните причини зошто Донарума не игра редовно за ПСЖ.