Тренерот на „Каталонците“, Ернесто Валверде најави дека за воведното коло од новата сезона во Ла Лига во неговиот тим ќе недостига Лионел Меси.

„Би сакал да е на одмор но тој е повреден. Би сакале да го имаме во комбинација во петок секако за дуелот со Атлетик Билбао но тоа е тешко да се тврди во моментов. Имаме план за сите играчи во тимот како и за Де Јонг. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.“ – изјави Валверде.

На местото на Меси во првиот тим на Валверде се очекува шанса да добие Дембеле. Тој заедно со Гризман и со Суарез ќе го сочинуваат нападот на Барселона.