Марсело Брозовиќ би требало да биде една од најголемите ѕвезди на следниот летен преоден рок. Меѓутоа, експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио открива тоа веројатно нема да биде така.

На 28 годишниот Хрват, по седум и пол години во Интер, следното лето му истекува договор со актуелниот првак на Италија.

Со оглед на тоа што е можеби во најдобрите години и догло е во Интер, поточно дека можеби сега му се шансите за голем трансфер, се очекуваше дека тој следново лето како слободен ќе си замине од клубот од Милано.

Сепак Романо открива други информации на Твитер.

„Колку што јас знам, во договорот на Брозовиќ со Интер има клаузула според која клубот може да ја продолжи соработка и по крајот на предвидениот договор.“

Инаку тој со години веќе е незаменлив дел од првите 11 на Интер. Кој и да тренер, Брозовиќ на крајот е клучниот играч за врска.