Белгиецот Ромелу Лукаку не отпатува за Шпанија на мечот со Барселона во Лигата на шампионите.

Лукаку има мала повреда, во клубот од Милано решиле дека не е потребен ризик, тој веќе 10 дена се мачи со оваа повреда и затоа не е во тимот.

Конте на прес конференција го потврди отсуството на Лукаку, ова е секако сериозен удар за Интер пред ова големо дерби на кое е можно да не настапи Меси и Дембеле кај тимот на Барселона поради повреда.