Лидерот на табелата во Серија А, Милан вечерва ќе ја дочека Рома во натпреварот од 5 коло, без Џиџи Донарума и без Хауге, двајцата вчеравечер добиле позитивен Ковид-19 тест и се во изолација.

„Резултатите кои ги добивме вчеравечер беа позитивни за Џанлуиџи Донарума и за Јенс Петер Хауге како и за уште тројца други од тимот. Сите се асимптоматски и се во домашна изолација.Тимот беше тестиран повторно како што пропишува протоколот и нема нови позитивни случаи.“ – информираа од Милан.


Натпреварот Милан – Рома е закажан за 20:45 часот.