Управата на ПСЖ и нивниот прв тренер, Тухел деновиве ќе имаат нов состанок на темата „трансфер на Нејмар“ откако посериозна повреда претрпе Килијан Мбапе во синоќешната победа над Тулуз.

Неофицијално, Мбапе ќе мора да паузара најмалку шест седмици а од предходно повреден е и Кавани па заминувањето на Нејмар може да се покаже како погрешен потег, пренесуваат медиумите од Франција.

За оваа недела е најавена разврската околу евентуалното заминување на Нејмар во Барселона или во Реал Мадрид иако сеуште во трката за Бразилецот е и Јувентус.