Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс нема да биде во конкуренција за настап на следните три до четири натпревари во сите конкуренции.

Феликс се повреди на вчерашниот меч на „Ванда Метрополитано“ против Валенсија (1:1) а последните снимања покажале дека станува збор мало оштетување на лигаментот на скочниот зглоб на десната нога.

Феликс со сигурност нема да игра против Атлатик Билбао, Алавес и против Севилја во Ла Лига а можно е да го прескокне и соочувањето со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.