Членови и навивачи на Баерн Минхен бараат раскинување на спонзорскиот договор со Катар Ервејс, откако Катар е обвинет за кршење на човековите права, пренесуваат германските медиуми.

„Соработувајќи со државната компанија, Баерн активно помага во свртувањето на вниманието од обвинувањата за кршење на човековите права и правењето слика за Катар како модерна, космополитска земја“- порачуваат иницијаторите на оваа акција.

Годишното собрание на Баерн ќе се одржи на 25-ти ноември, а една од темите ќе биде токму спонзорскиот договор со катарската компанија.

Од Баерн повеќе пати ја бранеа соработката со познатата компанија и напоменуваа дека решените може да се најде низ дијалог.

Навивачите веќе неколку пати поставуваа транспаренти во кои јасно го искажуваа своето незадоволство поради спонзорскиот договор со Катар Ервејс.

Скандалот со доделувањето на Светското првенство 2022-ра година, кои според сведочења на многумина е чест која буквално купена, последниве години стана уште полош.

Имено, таму при изградбите на стадионите и пропратната инфраструктура загинале најмалку 6.500 работници, објави неодамна угледниот Гардијан, повикувајќи се на извори од Бангладеш, Индија, Непал и Штир Ланка.

Заота во текот на минатиов период репрезентативци на Норвешка, Германија и Холандија, праќаа силни пораки до организаторите на Светското првенство, борејќи се за човековите права.