Македонската фудбалска репрезентација се упати кон Тбилиси со чартер лет каде утре од 18 часот ќе истрча против Грузија во финалето од Лигата на нации.

Без Барди, Ристевски и Велковски но со Адеми во авионот, тимот на Игор Ангеловски со нетрпение ја очекува историската пресметка, влогот е голем, победата носи пласман на ЕП.