Серхио Агуеро потврди дека е во самоизолација и дека има Ковид-19. Ова е најнепосакуваната вест за Пеп Гвардиола кој се надеваше дека Аргентинецот наскоро ќе се врати во топ форма.

По низата најразлични повреди, напаѓачот сега мора да биде во изолација и да се бори со Ковид-19. Агуеро веќе ги пропушти дуелите со Бирмингнем, Брајтон, Кристал Палас и Астон Вила.

„Имам симптоми и по разговор со лекар морам да се рехабилитирам. Чувајте се сите.“ – изјави Агуеро.

Манчестер Сити до крајот на јануари го чекуваат пресметките со Челтенхам во ФА Купот, и со ВБА и со Шефилд Јунајтед во Премиер лигата.