Летното засилување на Челси, Каи Хаверц има проблеми со адаптацијата во Лондон, особено по заминувањето на Лампард и доаѓањето на Томас Тухел. Ова доаѓа во пресрет на денешното дерби со Манчестер Јунајтед.

Новиот тренер на Челси не знае на која позиција да го игра офанзивецот за кој Абрамовиќ одвои 71 милион фунти.

„Уште кога пристигнав тука знаев дека е одличен игра, посветен и чесен. Но за да се развива мора да излезе од комфорната зона и да ризикува ако сака да прерасне во голем фудбалер во голем клуб. Во моментов навистина не знам која е неговата улога во тимот. Ќе мора да најдеме позиција која ќе му одговара.“ – изјави Тухел.

Хаверц може да игра веднаш зад напаѓачите, на крилните позиции па дури и како најистурен во нападот.