Последните испитување покажале дека Диего Пероти ќе мора да се рехабилитира најмалку 45 дена поради најановата повреда која ментално го скрши напаѓачот.

Од Рома потврдија дека Пероти ќе мора да паузира околу пет седмици. Играчот кој има договор со „волчицата“ до јуни 2021 година почнал да размислува и за повлекување од фудбалот пренесуваат медиумите од Италија.

Аргентинецот вои последните две сезони пропушти 35 натпревари поради повреди а минатата сезона учествуваше на 15 средби на кои најчесто добиваше шанса од клупата за резерви.