Денес , Лигата на шампионите продолжува со натпреварите од третото коло. Два натпревари (Клуб Бриж – Манчестер Сити и Бешикташ – Спортинг) се играат од 18:45 часот, а останатите шест во групите А до Д од 21 часот.

Дербито на денот се играат во Париз, каде се среќаваат ПСЖ и Лајпциг, и во Мадрид, каде шпанскиот првак Атлетико го пречекува Ливерпул. Со победата против Лајпциг, ПСЖ би направил голем чекор кон нокаут фазата бидејќи по две кола има четири бода, а гостите од Германија се без бодови. Во истата група, Сити е домаќин на непоразениот Бриж, кој има четири бода, еден поен повеќе од тимот на Гвардиола.

И групата Ц нуди дерби – Ајакс и Борусија. Клубовите со по шест бода се среќаваат во Амстердам, а во натпреварот на дното во групата Бешикташ , ќе се сретне со Спортинг.

Во групата Д, Шериф, најголемата сензација на натпреварувањето, како водечки гостува во Милано во Интер,  кој нема право на грешка бидејќи има само еден бод по две одиграни кола. Во вториот натпревар од групата,  Реал, по шокантниот пораз од Шериф, брка победа против Шахтјор.