Лече стигна и до третата последовна победа, откако славеа против Спал со 2-1 во рамки на 24.коло од Серија А.

Домаќините до водство стигнаа преку Манкосу со удар од белата точка, но во на стартот од вториот дел најдобриот фудбалер на СПАЛ, Петања израмни на 1-1.

Победоносниот погодок го постигна Мајер во 66.минута, со кој Лече се искачи на 16.позиција, додека Спал остана прикован на дното од Серија А.