Премиерлигата според предвидениот план за „Рестарт“ на сезоната би требало да продолжи на почетокот од следниот месец, но има еден голем проблем.

Вкупно 50 играчи од Премиерлигата се изјасниле дека нема да играат доколку нема гаранции за нивната безбедност, коронавирусот е проблем за кој засега никој нема решение.

Како шти тврди Мирор, најмалку по три играчи од секој клуб во Премиерлигата се изјасниле дека не сакаат да играат под вакви околности, не се чувствуваат безбедно.

Серхио Агуеро од Манчестер Сити јавно се изјасни дека нема намерда да игра под закана од зараза, неговиот пример ќе го следат најмалку 50 играчи тврди Мирор, со тоа се заканува пропаст на планот за „Рестарт“ на сезоната.

Премиерлигата закажа состанок со Асоцијацијата на професионални играчи, капитените на сите 20 клуба ќе  дискутираат за актуелната состојба, потоа ставот ќе биде пренесен на Владата на Велика Британија.