Официјално проектот Суперлига е стопиран, ова го потврдил Флорентино Перез еден од челните луѓе на иницијативата која живееше само 48 часа.

Перез посочи дека иницијативата била да се подобри фудбалот, но сега нема услови за тоа.

„Нашата желба беше да направиме нешто ново, бидејќи сегашниот систем не работи. Сакаме стабилноста на функционирањето на фудбалот по пандемијата и големите загуби кои ги трпат клубовите. Проектот ќе продолжи кога за тоа ќе се создадат услови, наша задача е да им го понудиме најдоброто на фановите и да ги подобриме финансиите, не само за нас, туку и на целото фудбалско семејство“ – се вели во дел од соопштението од Суперлигата.

Андреа Ањели од Јувентус, призна дека опстојувањето на Суперлигата не е возможно по повлекувањето на премиерлигашите.

„Да бидам целосно искрен, мислам дека Суперлигата не може да продолжи со реализација“, кратко порача Ањели.