Финалето меѓу Франција и Германија на ЕП за девојки до 19 години, утре ќе го суди нашата најдобра судијка, Ивана Пројковска. Ова за неа нема да биде прво финале во кариерата откако беше четврти судија на ЕП во 2015 за фудбалерки до 17 години.

„Ова многу ми значи. Доаѓам од мала земја а тоа е голема сатисфакција за сите Македонци инволвирани во женскиот фудбал. Ова може да биде добар пример за сите напорно да работат и никогаш да не се откажуваат за да дојдат до највисокиот левел.“ –изјави Пројковска за официјалниот сајт на УЕФА.

На Пројковска ќе и помагаат: Карилон Каивоиа од Естонија и Александра Петреа од Ромаија, Четврта судијка ќе биде Сузана Валентова од Словачка.

Финалето меѓу Франција и Германија ќе се игра утре од 17 часот.