Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин најави нови измени во Лигата на шампиони кои претставуваат нова надеж и за клубовите од Македонија.

Според планот, тимовите кои стигнале до четвртфинале би требало да имаат обезбедено место во ЛШ, ако до истото не дојдат преку националната лига.

Најголемата промен би се однесувала на форматот и бројот на клубови.

УЕФА размислува да го зголеми бројот на учесници од 32 на 40, дури и на 48 со што клубовите од послабо рангираните земји би добиле шанса за игра.

УЕФА има идеја и да организира натпревар за титула првак во светот, на пример победникот на Копа Америка да игра за апсолутна титула против шампионот на Европа, на наредиот турнир 2020.