Швајцарската фудбалска репрезентативка и капитен на  швајцарскиот клуб Јанг Бојс, Флоријана Исмаили е пронајдена мртва во езерото Комо во Италија.

Таа исчезна во саботата, а телото беше пронајдено денес. по четиридневните пребарувања низ езерото Комо од страна на роботот кој се користеше во операцијата, на длабочина од 204 метри.

Телото било донесено до длабочина од 20 метри, од каде е превземено и префрлено на брод од страна на нуркачите.

Италијанската полиција три дена трагаше по телото на Исмаили, која доживеа тнесреќа за време на годишниот одмор.

Исмаили од 2011 година го носи дресот на Јанг Бојс, додека во 2014 година дебитираше за националниот тим.