Португалскиот фудбалски репрезентативец Андре Силва требаше да го комплетира својот трансфер од Милан во Монако за 30 милиони евра, но сепак тој трансфер нема да биде реализиран.

Според информациите на итаијанските медиуми првичните информации беа дека играчот не ги поминал медицинските прегледи, но вистината е дека трансферот пропаднал поради личните услови на фудбалерот.

Монако и Милан се договорија за трансфер вреден 30 милиони евра, плус бонуси, но фудбалерот не се договорил со раководството на Монако околу личните услови. Силва минатата година беше на позајмица во шпанската Севиља.