Напаѓачот на Јувентус Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок најверојатно нема да премине во катарски Ал Духаил.

Наизглед се беше готово за овој трансфер и 33-годишниот Хрват на 22 декември допатува во Катар, за да ги мине медицинските тестови.

Според информацијата на Tuttomercatoweb.com, катарскиот клуб и Манџукиќ не успеаа да ги договорат деталите на трансферот и Манџукиќ се врати во Италија.

Износот на трансферот требаше да изнесува 5 милиони евра.