Англискиот репрезентативец и голман на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон ќе го пропушти тренинг кампот на Манчестер Јунајтед во Шкотска поради коронавирусот.

Хендерсон пред неколку недели беше позитивен на Ковид 19, но и понатаму се чувствува лошо, па одлучено е да не патува со остатокот од тимот.

Клубот по тој повод даде кратко соопштение:

„Дин Хендерсон ќе го пропушти тренинг кампот на Манчестер Јунајтед во Шкотска и ќе продолжи да се опоравува откако пред три недели се зарази со вирусот Ковид 19. Се очекува наскоро повторно да почне да тренира.“

Хендерсон поради проблемот со колкот мораше да го пропушти ЕУРО 2020, но потполно се опорави од таа повреда.

Во оваа фаза не е познато дали 24 годишниот голман ќе биде подготвен за стартот на сезоната во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед во првото коло го дочекува Лидс. Тој меч е на програмта на 14 август на Олд Традорд.

Хендерсон минатата сезона собра 13 премиерлигашки меча, 12 пати беше стартер, а една го замени Давид Де Геа.