Роберт Просинечки се повлече од селекторската функција во фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.

По поразот од Ерменија од 4:2, БиХ ги ги загуби шансите за пласман на ЕП а одговорноста за резултатите во досегашниот дел од квалификацискиот циклус ја презема Просинечки.

„Кога дојдов мислев дека ќе одиме на Европско првенство. Не успеавме и заради тоа давам оставка. Наследникот ќе има доволно време за да го подготви тимот за Лига на нации. Јас не успеав да ја однесам оваа репрезентација на ЕП и не сум веќе нивен селектор“. – изјави Просинечки.