Ждрепката за групите на ЕП 2020 ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт, а потенцијално може една група да биде составена од три светски гиганти.

Имено, светскиот шампион Франција ќе биде во вториот шешир и ќе биде најсериозна закана, исто како и актуелниот европски владетел Португалија. Доколку овие две селекции се паднат во иста група, во комбинација со Шпанија, Италија, Германија, Англија или Белгија од првиот шешир, ете таканаречена група на смртта. Најпосакуван противник од првиот шешир е селекцијата на Украина.

Веќе се познати 20 учесници на ЕП, останатите четири ќе влезат преку Лигата на нациите на крајот на март, а некои селекции знаат и во кој град ќе играат и која група.

Македонија со нетрпение го очекува петок каде во Нион на ждрепката ќе се знае дали ќе биде домаќин и во евентуалното финале од Лига Д на Лигата на нациите против Грузија или Белорусија, откако претходно мора да го победиме Косово во полуфиналето.