Македонија вечерва сака победа против Израел, трите бода можат да ни го донесат третото место во групата, пласман кој би бил историски, секако доколку Полска ја оправда фаворитската улога против Словенија.

Вечерва на арената „Тодор Проески“ Македонија во составот  ќе биде посилна за Горан Пандев, Бобан Николов, Висар Муслиу кои се враќаат во тимот.

Ангеловски со сигурност ќе ги комбинира во стартниот состав во кој покрај овие тројца извесно е дека ќе бидат  и Димитриевски, Ристевски, Вековски , Ристовски, Елмас, Барди … Се очекува шанса да добија Костадинов и Стојановски кои одиграа одлично против Австрија.

Македонија и Израел се среќаваат вечерва од 20-45 часот, репрезентативците побараа поддршка од трибините за овој важен натпревар.