Новата сезона во Серија А за македонската публика ќе биде повеќе од интересна. Според досега потврдените транасфер, ние ќе имаме четворица преставници во елитата на Апенините.

Горан Пандев со Џенова, Елиф Елмас со Наполи, Илија Несторовски со Удинезе и Дејан Кулушевски со Парма се четворицата Македонци кои оваа година ќе бидат дел од најсилната фудбалска лига во Италија.

Постои можност да имаме уште еден преставник во Калчо лигата ако Александар Трајковски прифати некоја од понудите на клубовите кои се заинтересирани за него.

Извлекувањето на распоредот за сезоната 2019/2020 ќе го пренесуваат Скај Спорт 1 и Скај Спорт Серија А со почеток од 18:45 часот.