Дилета Леота која моментално е најпозната и најатрактивна фудбалска новинарка, говореш за тоа како успева да изгледа толку убави, но и за Златан Ибрахимовиќ.
Поточно, Дилета му даде совет на Ибрахимовиќ, како да се однесува на Сан Ремо, каде Швеѓанецот дебитираше како ко-водител и направи шоу на бината кога излезе со песна на Нада Топчагиќ.
Меѓутоа, тоа не е крај со оглед на тоа што напаѓачот на Милан, ќе биде таму во текот на целиот фестивал.
„На Златан не му се потребни совети, затоа што тој е роден шоумен. Единствено што можам да му порачам е да биде свој. Само таков Златан може да направи сите „да умреме од смеење“ “– порачува Дилета Леота, која пред некое време ја поврзуваа дека е во врска со Ибра.
Водителката потоа се осврна и на формулата за својот добар изглед.
„Јас сум од Сицилија и сакам да готвам и јадам. Формата ја одржувам така што се трудам секој да тренирам барем по 20 минути. Но квалитетно. Ако не сум во можност, тогаш се враќам на 2-3 посилни тренинзи неделно од по еден час“– вели преубавата Дилета.
Comments are closed for this post.