Лионел Меси гласаше на клупските избори. Марка наведува дека ова прво гласање на арентинската ѕвезда откако е во клубот.

Ценетиот новинар и најпознат инсајдер на Барселона Гиљом Балаге шпекулира дека тоа е јасен знак дека Меси е подготвен да остане во клубот, ако победи неговиот кандидат, Хоан Лапорта. Токму него многумина го сметаат за прв фаворит, откако на фановите им вети дека ќе во случај на победа ќе го задржи Меси.

Меси со досегашниот претседател на Бартомеу, беше во многу лоши односи. А станаа уште полоши кога Бартомеу реши да го избрка од клубот пријателот на Меси, Луис Суарез. Меси сакаше со сите сили да заме, во еден момент сакаше и да ја носи Барселона на суд, но на крајот остана.

Лапорта веќе беше претседател, меѓу 2003 и 2010 година. Во тој период доведе суперѕвезди како Роналдињо, Ето, Ибрахимовиќ и многу други, а Барселона зема четири титули во шпанското првенство и две титули во Лигата на шампионите.