Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргев не успеа со неговиот  Грасхоперс  да се врати во првата швајцарска лига, откако „скакулците“ претрпеа катастрофален пораз од 6-0 во последното коло на домашен терен против Винтертур.

Во пресрет на последното коло, тимот на Ѓоргев заостануваше три бода зад второтпласираниот Вадуз , па за да стигне до второто место кое води во баражот за пласман во Првата лига на Грасхоперс му требаше победа над Винтертур со пораз на Вадуз .

И додека Вадуз загуби на гостувањето кај Криенс, Грасхоперс наместо победа доживеа катастрофа и остана во второлигашка конкуренција.

Ѓоргев, кој имаше одлична сезона за Грасхоперс, постигнувајќи вкупно седум голови и шест асистенции, одигра 57 минута против Винтертур, вклопувајќи се во комплетното бледо издание на најтрофејниот клуб во Швајцарија со 27 шампионски титули во својата историја.