Горан Пандев на почетокот од година најави дека има две желби, опстанок со Џенова и пласман со Македонија на ЕУРО 2020, одложено е за следната година поради пандемијата од коронавирусот.

Џенова обезбеди опстанок во калчото, радоста на Пандев и соиграчите беше голема по победата против Верона со 3-0, Пандев асистираше на еден гол.

Втората желба на Пандев е пласман на Македонија на ЕУРО 2020, прва пречка е Косово во Скопје на 8 октомври, полуфинале од Лигата на Нации.

Доколку го победиме Косово, на 12 ноември ќе играме со подобриот од  Грузија и Белорусија во финалето за пласман на континенталниот шампионат.